IMOTEN LIST

Имотен лист претставува доказ за сопственост на недвижност. Во денешно време доколку сакате да продавате или купувате недвижност освен имотниот лист потребно е да приложите доказ во оригинал на кој начин сте го стекнале имотот. Тоа би требало да биде договор за купопродажба од претходниот сопственик или наследно решение или дозвола за градба на недвижност, понатаму решение од надлежен државен орган за легализација, пресуда врз основа на која е утврден сопственост и така натаму. 

Во имотниот лист во лист А се внесени податоци за тоа кој е сопствениот на недвижноста односно носителот на правото на сопственост.

Во вториот сектор односно во лист Б се впишани податоци за недвижноста предмет на сопственоста и во тој случај се впишува бројот на катастарската парцела, локација, видот на сопственоста, намена, големина, деталниот опис на недвижноста, број на предметот по кој е извршено запишувањето, датум и час на запишување.

Во понатамошните сектори како што е лист Г се впишуваат промени и други стварни право чие запишување е утврдено со закон, прибележување на факти од влијание за недвижностите во кои влегуваат товарите, ограничувањата на сопственоста, предбележби, прибелешки, хипотеки, склучени договори за закуп, за доживотна издржка, реални товари и други факти. 



Popular posts from this blog

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК

РАЗВОД НА БРАК