ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК

 Со договорот за дар дарувачот се обврзува да му пренесе или му предава на
даропримачот во сопственост определен предмет, или му отстапува некое право, или
му отпушта долг, или му презема долг без надомест.

 Договорот за дар се склучува во писмена форма. 
 Договорот за дар за движен предмет склучен во усмена форма е полноважен,
ако тој е предаден на даропримачот. 

  Кога предмет на договорот за дар е недвижност мора договорот да биде во писмена форма и да се солемнизира кај нотар, за да може да се изврши промена во јавните книги во кои се водат недвижностите, во случајот тоа е Катастарот.
Дар може да направи само лице со полна деловна способност. 
Дар може да прими и лице со ограничена деловна способност, како и
деловно неспособно лице
.

Дарувачот може да го раскине договорот и да го отповика направениот дар,
во случај кога даропримачот со своето однесување кон него или на нему блиско лице,
покаже крајна неблагодарност. Ова право преминува и на наследниците на дарувачот.
 

Дарувачот кој нема доволно средства за живот, или за издржување на лицата
кои по закон е должен да ги издржува, може да го раскине договорот, а ако предметот
веќе го предал на даропримачот може дарот да го отповика и да бара даропримачот да
му го врати она што од примениот дар се уште се наоѓа во имотот на даропримачот.
 

Вообичаените, пригодните дарови, наградните дарови, како и даровите од
балгодарност не можат да се отповикаат.

Не можат да се отповикаат ни даровите направени за добротворни и општо
корисни цели.
 

Договорот за дар го составува адвокат. Потребни се следните документи:
1.Имотен лист за недвижност, или друг доказ за сопственост доколку предмет на подарок не е недвижност.
2.Копија од лична карта од дародавачот и даропримачот.
Цената за состав е по адвокатската тарифа и се определува врз основа на вредноста на даруваниот предмет:
  1. За состав на преддоговори и договори, наградата се определува согласно вредноста:
Вредност од денари Вредност до денари Награда за состав на договор
до 3.000.000,00 3.900,00
3.000.001,00 5.000.000,00 5.000,00
5.000.001,00 9.000.000,00 6.000,00
9.000.001,00 20.000.000,00 10.000,00
20.000.001,00 60.000.000,00 15.000,00
60.000.001,00
30.000,00
 

Popular posts from this blog

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

РАЗВОД НА БРАК