РАЗВОД НА БРАК
1.Спогодбен развод на брак - каде брачните другари потпишуваат спогодба за развод на брак и постапката почнува со предлог за спогодбен развод на брак, брачните другари потпишуваат спогодба во која се уредуваат начинот на вршење на родителските права и чувањето и воспитувањето на малолетните деца, доколку имаат. Оваа постапка е најзастапена и најекономична поради тоа што судот само испитува дали брачните другари таа согласност за развод на бракот ја дале слободно, сериозно и непоколебливо. Оваа постапка обично завршува за едно рочиште во кое мора да бидат присутни двајцата брачни другари лично и пред судот да ја изразат вољата за развод на бракот.
2.По барање на еден од брачните другари поради толкава мера на нарушени односи во кои заедничкиот живот станал неподнослив - се поведува со тужба на еден од брачните другари.Времетраењето на оваа постапка зависи од однесувањето на тужениот брачен другар, дали ќе се спротистави на тужбеното барање и ќе предлага контра докази каде постапката може да трае подолго или ќе игра пасивна улога со избегнување на прием на писма, пто исто така може да имплицира дополнителни трошоци.
Оваа постапка обично најмногу чини и временски најмногу трае.
3.Бракот може да се разведе и по барање на еден од брачните другари поради фактички прекин на брачната заедница повеќе од една година - се поведува со тужба на еден од брачните другари. Во оваа постапка судот само изведува докази да се докаже вистинитоста на фактите дека брачната заедница прекинала односно брачните другари не живеат заедно повеќе од една година.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- извод од матична книга на венчани
- копија од лична карта од тужителот
- податоци за другиот брачен другар
ЦЕНА НА ПОСТАПКАТА:
Цената која треба да се плати за развод зависи од тоа дали е спогодбен разводот или истиот се покренува со тужба, исто така зависи од бројот на рочиштата.
Цената за состав на тужба или предлог за развод на брак изнесува 10000 денари, исто така се плаќа и судска такса за тужба 2000 денари, исто толку судска такса и за судската одлука.
Цената за застапувањето на едно рочиште изнесува 12000 денари.
.