Posts

Showing posts from January, 2018

ЛИКВИДАЦИЈА НА ФИРМА

Ликвидацијата на фирма се одвива во две фази: Прва фаза е промената на називот со тоа што на постоечкиот назив се додава наставката - во ликвидација и се назначува ликвидатор. После добивањето на решение во рок од 7 дена се објавува оглас за ликвидација во кој се повикуваат доверителите во рок од 15 дена од денот на објавата да ги пријават своите побарувања на ликвидаторот. Потребни документи се тековна состојба од фирмата не постара од шест месеци, бонитет од банка за состојбата на сметката со денови на блокада - со кој се докажува дека нема блокада на сметката, уверение од УЈП дека друштвото не должи даноци, придонеси и други давачки, додека останатите документи ги изработува адвокат со адвокатско полномошно од основачот и управителот на друштвото. Адвокатот поднесува пријава за упис на ликвидацијата и во рок од 5 работни дена се добива решение од Централниот регистар.  Цената за првата фаза е 6000 денари адвокатска награда и 2023 денари надомест во Централниот регистар.