ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

Оставинската постапка почнува со барање за поведување на оставинска постапка пред надлежниот Основен суд. Предлог или барање за оставинска постапка може да поднесе било

кој наследник на оставителот лично или преку адвокат со полномошно.
Основниот суд во рок не повеќе од 5 дена на електронски начин назначува нотар, го подготвува предметот и му го предава предметот на  назначениот нотар. Нотарот е надлежен да ја води оставинската постапка и да донесе решение.
Потребни документи:
Извод од матична книга на умрени на умрени за оставителот
- докази за сопственост на оставинската маса (на пример: Имотен лист , или сообраќајна дозвола за моторно возило, број на трансакциска сметка за парични средства во банка, потврда за имател на акции од Централен депозитар за хартии од вредност, потврди за друг имот доколку има.
Извод од матична книга на родени за наследниците од прв наследен ред
Извод од матична книга на венчани за сопругата/сопругот,
- Тестамент, доколку оставителот има тестамент
 Цената која треба да се плати за спроведување на оставинската постапка зависи од вредноста на оставината.
Вредноста на оставината се определува врз основа на изјава на учесниците, податоците за имотот од јавните книги утврдени во самата постапка и податоците кои учесниците му ги предале на нотарот.
 По барање на некој од учесниците, на негов трошок, вредноста на оставината може да ја определи проценител врз основа на Закон за процена на имот.
 За утврдување на вредноста на основачкиот удел и акциите во друштвата се зема нивната номинална вредност.
 При утврдување на вредноста на чистата оставина, од вредноста на оставината се одбиваат долговите на оставителот, легатите и другите товари, трошоците за пописот и проценката на оставината и други трошоци.
За  извршените  дејствија  на  нотарот  во  оставинската  постапка  како  што  се: повикување на учесниците на рочиште за спроведување на постапката, донесување на решение, доставување на решение, ставање на штембил за правосилност, како и други дејствија за кои со оваа тарифа не е предвидена посебна награда на нотарот, на нотарот му припаѓа награда во нето износ според вредноста на оставината, и тоа:
преку  до Награда во денари
10.000,00 480,00
10.000,00  50.000,00  800,00
50.000,00 100.000,00 1.600,00
100.000,00 200.000,00 2.400,00
 Ако вредноста на оставината го надминува износот од 200.000,00 денари, покрај наградата од 2.400,00 денари се наплатува и по 1% за секој започнат денар преку 100.000,00 денари, но не повеќе од 9.600,00 денари.Податоците се извадени од нотарска тарифа.

Popular posts from this blog

РАЗВОД НА БРАК

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК