ПЛАТЕН НАЛОГ
Платен налог се донесува за долг на физичко или правно лице кој се докажува со веродостојна исправа. Најчеста и најпопуларна веродостојна исправа врз основа на која се донесува платен налог е фактурата. Во ФАКТУРАТА треба да биде наведен должникот, доверителот, со релевантни податоци, потоа опис на услугата или предметот за кој е издадена, дата на издавање и дата на стасување на плаќањето, износ на фактурата, потпис и дата на прием. Предлогот за издавање на платен налог го составува адвокат. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ СЕ: 1. Тековна состојба не постара од 3 месеци за должникот во оригинал, додека оригинал или копија за доверителот, 2. Фактура во оригинал и во копија, 3. Доказ за уплатена судска такса согласно Судска тарифа на Република Македонија , 4. Доказ за уплатена нотарска награда по нотарска тарифа на Република Македонија , 5. Платена адвокатска награда за состав на предлог по Адвокатска тарифа на Република Македонија Лично управителот на друштвото треба да потпише полномошн