ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Со Законот за работни односи на Република Македонија се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучување на договор за вработување. Работниот однос освен во овој закон се уредува и со друг закон зависно од карактерот и видот на работното место, со колективен договор и договорот за вработување. Цел на законот е вклучување на работници во работниот процес, како и обезбедување на усогласено одвивање на тој процес, при што се почитува правото на работниците на слобода на трудот, достоинство и заштита на интересите на работниците во работниот однос. Договорот за вработување мора да биде склучен во писмена форма и да се чува во работните простории на работодавачот. Договорот за вработување особено содржи: 1) податоци за договорните страни, нивното живеалиште, односно седиште; 2) датум на стапување на работа; 3) назив на работното место, односно податоци за видот на работата за којашто работникот склучува договор за вработување, со краток