ДОГОВОР ЗА ПРОДАЖБА

Со договорот за продажба продавачот се обврзува предметот што го продава да му го предаде на купувачот така што купувачот да стекне право на сопственост, а купувачот се обврзува да му ја плати на продавачот цената.Договорот за продажба на недвижни предмети мора да биде склучен во писмена форма. Исто така, договорот за продажба на одредени повижни предмети треба да биде во писмена форма и заверен кај нотар, како на пример договорот за продажба на моторно возило.Потписите на договорните страни кај договорот за продажба на недвижности се заверуваат кај нотар. Битни односно суштествени елементи на договорот за продажба е предметот кој се продава, односно треба да се опише детално за да може да се идентификува и јасно да се дистанцира од останатите слични по природа предмети.Друг битен елемент на договорот за продажба е цената на предметот. Договорните страни пред да пристапат кај адвокат за состав на договорот треба да имаат договорено конечна цена за предметот, доколку цената е договорено да биде исплатена на рати треба да биде наведено во договорот, доколку постојат други посебни елементи кои се договорени треба бидат наведени исто така, како на пример одложено предавање на предметот, рок за селење кај продажба на недвижности, состојбата на предметот на продажба, останати обврски произлезени од сопственоста, евентуални ограничувања на сопственоста и друго.  Договорните страни треба детално да го информираат адвокатот за сите поединости околу продажбата за да може адвокатот да го состави договорот во согласност на вистинската фактичка состојба.  
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
1.Лична карта или пасош за купувачот и продавачот.
2.Имотен лист од недвижноста што се продава, или
   сообраќајна дозвола за моторно возило што се продава или друг документ со кој се докажува сопственоста доколку предмет на продажба не е недвижност или моторно возило.
АДВОКАТСКА НАГРАДА ЗА СОСТАВ:
За состав на преддоговори и договори, наградата се определува согласно вредноста:
Вредност од денари Вредност до денари Награда за состав на договор
до 3.000.000,00 3.900,00
3.000.001,00 5.000.000,00 5.000,00
5.000.001,00 9.000.000,00 6.000,00
9.000.001,00 20.000.000,00 10.000,00
20.000.001,00 60.000.000,00 15.000,00
60.000.001,00

30.000,00




Popular posts from this blog

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

РАЗВОД НА БРАК

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК