ДОГОВОР ЗА ЗАКУП


Договор за закуп или договор за наем може да се користи како за издавање на недвижности така и за давање под закуп или наем на подвижни предмети, како на пример машини, автомобили, во поново време дури имаме и наем на принтери итн.
Врз основа на Закон за облигациони односи со договорот за закуп се обврзува закуподавецот да му предаде определен предмет на закупецот на употреба, а овој се обврзува за тоа да му плаќа определена закупнина. Закупнината мора да биде определена во денари или во денарска противредност.
Со договорот за закуп закуподавецот е должен да му го предаде на закупецот закупениот предмет во исправна состојба, заедно со неговите припадоци.
 Предметот е во исправна состојба, ако е во состојбата определена со договорот, а во недостиг на договор, во состојба може да послужи за употреба заради која е склучен договор. Одржување на предметот.
 Закуподавецот е должен да го одржува предметот во исправна состојба за време на траењето на закупот и заради тоа да врши потребни поправки на него.
Тој е должен на закупецот да му ги надомести трошоците што овој ги направил за одржувањето на предметот, а кои тој самиот би бил должен да ги направи.
 Трошоците за ситни поправки предизвикани од редовната употреба на предметот, како и трошоците при самата употреба, паѓаат врз товар на закупецот.
За потребата од поправка, закупецот е должен да го извести закуподавецот.
Закуподавецот му одговара на закупецот за сите недостатоци на закупениот предмет кои ја попречуваат неговата договорена или редовна употреба, без оглед дали знаел за нив или не, како и за недостатоците на својствата или одликите предвидени изречено или премолчено со договорот
Обврски на закупецот.
Закупецот е должен да го употребува предметот како добар стопанственик односно добар домаќин.  Тој може да го употребува само онака како што е определено со договорот или со намената на предметот.  Тој одговара за штетата што ќе настане со употребата на закупениот предмет спротивно на договорот или на неговата намена, без оглед дали го употребувал предметот тој или некое лице кое работи по негов налог, подзакупецот или некое друго лице на кое тој му овозможил да го употребува предметот.
Закупецот е должен да ја плаќа закупнината во роковите определени со договорот или со закон, а во недостиг на договор и закон, како што е вообичаено во местото каде што предметот му е предаден на закупецот. Ако поинаку не е договорено или во местото на предавањето на предметот вообичаено, закупнината се плаќа полугодишно кога предметот е даден под закуп за една или повеќе години, а ако е даден за покусо време, тогаш по истекот на тоа време.
Договорот за закуп на недвижност е формален и писмен договор кој се составува во форма на приватна исправа, истата ја составува адвокат, потписите се заверуваат кај нотар, но заради поголема сигурност подобро е во договорот да се вметне извршна клаузула и договорот да се солемнизира кај нотар. Извршната клаузула кај договорот за закуп е корисна заради тоа што има сила на правосилна пресуда во моментот кога ќе даде изјава закуподавачот дека закупецот не исполнил одредена одредба од договорот. Во тој случај закуподавачот бара од нотарот да впише клаузула на извршност и договорот може да се поднесе кај извршител заради присилна наплата на заостаната закупнина, заради присилно иселување или други причини кои биле наведени во извршната клаузула. Со тоа се заобиколува една судска постапка која би траела подолно време и би преставувала дополнителен трошок за закуподавачот.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
Имотен лист од недвижноста
Копија од лична карта од закуподавачот и закупецот или тековна состојба доколку закупец или закуподавач е правно лице.
ЦЕНА ЗА СОСТАВ НА ДОГОВОР:
Цената зависи од вредноста на едногодишната закупнина, и се определува според следните вредности на едногодишната закупнина:
Вредност од денари
на едногодишна закупнина
Вредност до денари
на едногодишна закупнина
Награда за состав на договор

до 3.000.000,00
3.900,00
3.000.001,00
5.000.000,00
5.000,00
5.000.001,00
9.000.000,00
6.000,00
9.000.001,00
20.000.000,00
10.000,00
20.000.001,00
60.000.000,00
15.000,00
60.000.001,00

30.000,00

Popular posts from this blog

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

РАЗВОД НА БРАК

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК