ДОГОВОР ЗА ДОЖИВОТНА ИЗДРШКА

Со договорот за доживотна издршка, давателот на издршката се обврзува да го издржува доживотно примателот на издршката или некое трето лице, а примателот на издршката во надомест му го остава целиот свој имот или определен дел од имотот, чие предавање е одложено се до неговата смрт.
Договорот за доживотна издршка се составува во писмена форма и се заверува од надлежен суд или од нотар.При заверка на договорот за доживотна издршка мора да бидат присутни двајца сведоци.Давателот на издршката своето право на недвижноста од договорот може да бара да се прибележи во јавна книга.
Договорните страни можат спогодбено да го ракинат договорот за доживотна издршка од кога почнало неговото извршување. Ако според договорот за доживотна издршка, договарачите живеат заедно, па нивните односи толку се растројат што заедничкиот живот станал неподнослив, секоја страна може да бара од судот раскинување на договорот.  Секоја страна може да бара раскинување на договорот ако другата страна не ги извршува своите обврски.
При евентуална тужба за раскинување на договорот, битен факт кој треба да се докаже во постапката е дека страната која е тужена не ги исполнува своите обврски предвидени со договорот.
Потребни документи за состав на договорот се:
1.Имотен лист од недвижностите кои се сопственост на примателот на издршката,
2.Копија од лична карта за примателот и за давателот на издршката,
3.Податоци за двајца сведоци кои ќе присуствуваат на заверката на договорот,
4.Податоци за деталната содржина на издршката и посебни услови доколку има.
Цената за состав на договорот зависи од вредноста на недвижностите кои примателот на издршката ги дава на давателот на издршката и тоа:
Вредност од денари
Вредност до денари
Награда за состав на договор
до 3.000.000,00
3.900,00
3.000.001,00
5.000.000,00
5.000,00
5.000.001,00
9.000.000,00
6.000,00
9.000.001,00
20.000.000,00
10.000,00
20.000.001,00
60.000.000,00
15.000,00
60.000.001,00

30.000,00











Popular posts from this blog

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

РАЗВОД НА БРАК

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК