РЕГУЛИРАЊЕ ПРЕСТОЈ НА СТРАНЦИ

Регулирање на престој на странци          
Врз основа на Законот за странците
            Добивање на дозвола за долгорочен престој
Дозвола за привремен престој може да му се издаде на странец кој има намера да престојува во Република Македонија заради следниве причини:
- работа,( вработување во македонска фирма или самовработување, отворање на сопствен бизнис)
- школување или студирање,
- учество во програми на меѓународна размена на ученици или студенти,
- специјализација, стручно усовршување или практично оспособување,
- научно истражување,
-сместување во установи за сместување на стари лица,
- лекување,
- семејно обединување или
- хуманитарни причини.
Дозвола за привремен престој во Република Македонија,  може да се издаде и на:
- странец кој е член на потесното семејство на државјанин на Република Македонија,
- странец кој по потекло е од Република Македонија,
- дете на странец родено во Република Македонија или
- странец резидет на држава членка на Европската унија и на Организацијата за економска соработка и развој (во натамошниот текст: ОЕЦД), кој стекнал право на сопственост на стан, станбена зграда и куќа на територијата за Република Македонија под услови утврдени со закон, во износ од најмалку 40.000 евра.
Дозволата за привремен престој се издава за определена цел и за определено време.

Потребни документи:
1.Важечка патна исправа (превод на македонски јазик и заверка на преводот кај нотар)
2.Договор за закуп на стан во Република Македонија,
3.Патничко осигурување со дата на важење за целиот период на престој
4.Доказ за поседување на доволно парични средства, картичка од банка или потврда од банка.
5.Докази врз основа на посебните услови зависно од причината за престој (на пример:тековна состојба за вработување во своја фирма, диплома за завршено образование доколку причината за престој е вработување,  договор за вработување, потврда за школување во Република Македонија доколку причината за барањето за престој е школување).

Цена на постапката:
1.Административни такси во МВР од 2500 денари, (на уплатница или со платежна картичка)
2.Преводи и заверки кај нотар –  500 денари од еден документ – (просечно зависно од која држава се преводите)
3.Адвокатски услуги – адвокатските услуги зависат од преземените дејствија а се утврдуваат во согласност со Адвокатска тарифа на Република Македонија

Popular posts from this blog

РАЗВОД НА БРАК

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК