ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Со Законот за работни односи на Република Македонија се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучување на договор за вработување. Работниот однос освен во овој закон се уредува и со друг закон зависно од карактерот и видот на работното место, со колективен договор и договорот за вработување.
Цел на законот е вклучување на работници во работниот процес, како и обезбедување на усогласено одвивање на тој процес, при што се почитува правото на работниците на слобода на трудот, достоинство и заштита на интересите на работниците во работниот однос. Договорот за вработување мора да биде склучен во писмена форма и да се чува во работните простории на работодавачот. Договорот за вработување особено содржи:
1) податоци за договорните страни, нивното живеалиште, односно седиште;
2) датум на стапување на работа;
3) назив на работното место, односно податоци за видот на работата за којашто работникот склучува договор за вработување, со краток опис на работата што ќе ја врши според договорот за вработување;
4) одредби за обврската на работодавачот да го информира работникот за ризичните работни места и посебни стручни квалификации или познавања или неопходен посебен медицински надзор, во согласност со закон, со наведување на посебните ризици кои според законските прописи можат да бидат последица од работата;
5) место на вршење на работата. Ако не е наведено точното место, се смета дека работникот ја врши работата во седиштето на работодавачот;
6) време на траење на работниот однос, кога е склучен договор за определено време;
7) одредба за тоа дали се работи за работен однос со полно или пократко работно време;
8) одредба за дневно или неделно редовно работно време и распоредување на работното време;одредба за висината на основната плата, која се изразува во паричен износ која му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договорот за вработување;
10) одредба за другите надоместоци кои му припаѓаат на работникот за вршење на работата според закон и колективен договор;
11) одредба за годишниот одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор и
12) наведување на општите акти на работодавачот во кои се определени условите на работа на работникот. Договорот за вработување може да содржи и други права и обврски определени со овој и друг закон и колективен договор.Во договорот за вработување во однос на одделни прашања, страните треба, каде што е соодветно да се повикаат на закони, колективни договори и акти на работодавачот. Договорот за вработување е многу битно работникот да го прочита, убаво да го разбере, доколку не разбира одредени клаузули да се информира за тоа, примерок од договорот да го чува во оригинал, заради евентуална потреба од заштита поради неисполнување на одредени делови од договорот. 
 Договорот за вработување престанува да важи:
1) со изминување на времето за коешто бил склучен;
2) со смрт на работникот или работодавачот (физичко лице);
3) поради престанување на работодавачот согласно со закон;
4) со спогодбено раскинување;
5) со отказ;
6) со судска пресуда и
7) во други случаи утврдени со закон.
При престанување на работниот однос работодавачот е должен, најдоцна во рок од три дена, да му ги врати на работникот сите негови оригинали на документи и да му издаде потврда за видот на работата што ја вршел. Работодавачот не смее во потврдата да наведе ништо што би му го отежнало на работникот склучувањето на нов договор за вработување.
За составување на договорот за вработување е потребно:
1.Тековна состојба на правното лице - работодавач
2.Копија од лична карта на вработениот.
- информации кои се однесуваат на содржината на договорот во смисла дата на почеток на вработување, работно време, одмори и отсуства, плата, работно место и посебни услови на вработувањето.
- со полномошно вршиме електронска објава на оглас за потребата од работници, исто така пријавата на склучениот договор за вработување го вршиме со полномошно електронски преку електронскиот систем на Агенцијата за вработување на Република Македонија
Цената се определува врз основа на Адвокатска тарифа




Popular posts from this blog

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

РАЗВОД НА БРАК

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК