ПЛАТЕН НАЛОГ
Платен налог се донесува за долг на физичко или правно лице кој се докажува со веродостојна исправа. Најчеста и најпопуларна веродостојна исправа врз основа на која се донесува платен налог е фактурата. Во ФАКТУРАТА треба да биде наведен должникот, доверителот, со релевантни податоци, потоа опис на услугата или предметот за кој е издадена, дата на издавање и дата на стасување на плаќањето, износ на фактурата, потпис и дата на прием. Предлогот за издавање на платен налог го составува адвокат.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ СЕ:
1.Тековна состојба не постара од 3 месеци за должникот во оригинал, додека оригинал или копија за доверителот,
2. Фактура во оригинал и во копија,
3. Доказ за уплатена судска такса согласно Судска тарифа на Република Македонија,
4. Доказ за уплатена нотарска награда по нотарска тарифа на Република Македонија,
5. Платена адвокатска награда за состав на предлог по Адвокатска тарифа на Република Македонија
Лично управителот на друштвото треба да потпише полномошно за да го овласти адвокатот за составување на предлогот за издавање на платен налог.
АДВОКАТСКАТА НАГРАДА ЗА СОСТАВ НА ПРЕДЛОГ ЗАВИСИ ОД ВРЕДНОСТА НА ПОБАРУВАЊЕТО:
За поднесоци со барање:
- до 10.000,00 денари изнесува ...................................................... 1000,00 денари.
- од 10.001,00 до 50.000,00 денари наградата изнесува ............... 3.000,00 денари.
- од 50.001,00 денари до 100.000,00 денари наградата изнесува . 4.000,00 денари.
- од 100.001,00 денари до 300.000,00 денари, наградата изнесува 5.000,00 денари.
- од 300.001,00 денари до 600.000,00 денари изнесува .................. 6.000,00 денари.
- од 600.001,00 денари до 1.000.000,00 денари изнесува ............. 7.000,00 денари.
- од 1.000.001,00 денари до 2.500.000,00 денари изнесува.............. 9.000,00 денари.
- од 2.500.001,00 денари до 5.000.000,00 денари изнесува .......... 12.000,00 денари.