СТЕКНУВАЊЕ ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ - ПОСЕБНИ СЛУЧАИ

 Стекнување право на сопственост на државно градежно земјиште односно на градежно земјиште кое во моментот е со имотен лист на име на Република Македонија или утврдено корисничко право на одредено физичко лице може да се стекне со право на сопственост под посебни случаи и услови.

1.Првиот и најважен услов е градежното земјиште да го владее повеќе од 20 години, кое се докажува со договор за купопродажба на земјиштето склучен со поранешен сопственик со дата пред повеќе од 20 години, кој содржи податоци за договорните страни и податоци за градежното земјиште, со наведен број на катастарска парцела, катастарска општина и површина која била предмет на отуѓување, како и датум на склучување,

2.извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација, не постар од 6 месеци,

3.копие од катастарски план за градежното земјиште,  не постар од 6 месеци,

4.имотен лист за градежното земјиште сопственост на Република Македонија, не постар од 30 дена

5. уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното земјиште сопственост на Република Македонија, не постар од 30 дена,

6.изјава заверена на нотар во која лицето кое го користи градежното земјиште, односно неговите законски наследници под морална, материјална и кривична одговорност изјавува/изјавуваат дека земјиштето го користат повеќе од 20 години врз основа на договор за купопродажба склучен со поранешен сопственик,

7. во случаите кога договорот склучен со поранешниот сопственик пред повеќе од 20 години од денот на поднесување на барање, не содржи податоци за договорните страни и податоци за градежното земјиште, со наведен број на катастарска парцела, катастарска општина и површина која била предмет на отуѓување, како и датум на склучување, потребна е изјава заверена на нотар од поранешниот сопственик или неговите законски наследници кои се запишани како корисници во имотниот лист за предметното земјиште со која го потврдуваат постоењето на договорот,

8.фотокопија од лична карта или патна исправа

Popular posts from this blog

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

РАЗВОД НА БРАК

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК