УРЕДУВАЊЕ НА МЕЃИ


Постапката за уредување на меѓи или гранични линии со кои се разделуваат соседните парцели е вонпарнична постапка која се поведува со предлог од предлагачот кој смета дека знаците со кои се воспоставени меѓите или граничните линии помеѓу две или повеќе недвижности толку се оштетени, така што не можат да се распознаат или ако знаците постојат, но истите се спорни односно едната страни не ги признава.

Постапката се поведува од било кој од сопствениците, кој треба да докаже дека е сопственик на една од парцелите за кои треба да се утврди односно уреди меѓата.

За уредување на меѓи надлежен е судот на чие подрачје се наоѓаат недвижностите.


Popular posts from this blog

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

РАЗВОД НА БРАК

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК