ТУЖБА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СОПСТВЕНОСТ

 Тужителот може со тужба да бара од тужениот поврат на определена ствар (подвижна или недвижна ствар), односно предмет. Тужителот мора да докаже дека има право на сопственост над тој предмет или ствар и дека стварта се наоѓа во фактичка власт на тужениот. Правото на поднесување на оваа тужба не застарува.

Тужителот не мора да биде единствен сопственик на стварта односно предметот туку може да биде и сосопственик односно заеднички сопственик  или со други зборови може да има и помал дел од другите сосопственици, на пример 10% право на сосопственост на предметот и во тој случај има право на тужба за целиот предмет. Тоа не навлегува во правото на сопственост на другите сосопственици или заедничари, ниту го менува процентот на сопственоста. 

Освен утврдувањето на правото на сопственост, тужителот може да бара од тужениот надомест за користењето на предметот, надомест на евентуално причинета штета на предметот или пропаста на предметот како и надомест на испуштената корист. 


Popular posts from this blog

РАЗВОД НА БРАК

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК