ДОГОВОР ЗА ЗАЕМ

Договорот за заем е двостран договор кој се склучува помеѓу заемодавач и заемопримач. Предмет на договорот за заем е одреден износ на позајмица кој најчесто е изразен во пари.

Освен износот, договорните страни задолжително определуваат рок на враќање на позајмицата, определуваат начин на отплата на долгот (на рати или еднократно), и камата (најчесто се определува процент), доколку не се плаќа навремено може да се предвиди и казнена камата.

Во договорот за заем може да се предвиди гаранција од заемопримачот кон заемодавачот заради гарантирано враќање на позајмицата. Кај поголемите износи на заеми обично се предвидува гаранција со хипотека на недвижен имот, подвижен имот, меници, други правни или физички лица како гаранти или други начини на обезбедување на побарувањето. Во тој  случај во договорот за заем се вметнува извршна клаузула, која значи дека доколку не се исплати долгот навреме договорот станува извршна исправа, врз основа на која доверителот може да бара присилно извршување дирекно кај извршител.

Цената за состав на овој договор кај адвокат е согласно на адвокатската тарифа која зависи од износот на заемот. Пример, за вредност на позајмица од 1.000.000 денари, цената за состав на договорот изнесува 3900 денари.

Popular posts from this blog

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

РАЗВОД НА БРАК

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК