ТАРИФА

Адвокатската тарифа е преземена дирекно од Адвокатска комора на Република Македонија

Награда за пишување на писмени состави ( поднесоци)
  1. За пишување на поднесоци со кои се поведува постапка, образложени поднесоци, приговори, одговори и изјави на последна волја, предлог за извршување, наградата се определува според висината на барањето во поднесокот или според пропишаната дисциплинска или друга мерка и според пропишаната казна.
  2. За поднесоци со барање:
  • до 10.000,00 денари изнесува ....................................................... 1000,00 денари.
  • од 10.001,00 до 50.000,00 денари наградата изнесува ............... 3.000,00 денари.
  • од 50.001,00 денари до 100.000,00 денари наградата изнесува ........................................................................................................... 4.000,00 денари.
  • од 100.001,00 денари до 300.000,00 денари или пропишана дисциплинска мерка, парична казна или затвор до 1 година, наградата изнесува .................. ........................................................................................................... 5.000,00 денари.
  • од 300.001,00 денари до 600.000,00 денари или казна затвор до три години наградата изнесува ......................................................................... 6.000,00 денари.
  • од 600.001,00 денари до 1.000.000,00 денари или казна затвор до пет години наградата изнесува ......................................................................... 7.000,00 денари.
  • од 1.000.001,00 денари до 2.500.000,00 денари или казна затвор до десет години наградата изнесува ............................................................ 9.000,00 денари.
  • од 2.500.001,00 денари до 5.000.000,00 денари или казна затвор до петнаест години, како и во полициска постапка наградата изнесува .................. ......................................................................................................... 12.000,00 денари.
  • Над 5.000.001 денари, казна затвор над петнаесет години или доживотен затвор наградата изнесува ........................................................... 18.000,00 денари.
  1. За состав на преддоговори и договори, наградата се определува согласно вредноста:
Вредност од денари Вредност до денари Награда за состав на договор
до 3.000.000,00 3.900,00
3.000.001,00 5.000.000,00 5.000,00
5.000.001,00 9.000.000,00 6.000,00
9.000.001,00 20.000.000,00 10.000,00
20.000.001,00 60.000.000,00 15.000,00
60.000.001,00
30.000,00

Кај состав на договори и преддоговори не се применува став V, точка 1 на членот 8. 
  1. Награда за предлог за издавање на нотарски платен налог, како и приговор против нотарски платен налог, во предлозите со вредност над 10.001,00 денари, изнесува 70% од предвидената во точка 2.
  2. За поднесоците со кои се поведува постапка пред Уставен суд, за статусни и станбени спорови, спорови и постапки за заштита на авторски права, патенти и лиценци, индустриска сопственост, наградата изнесува колку максималната во точка 2.
  3. За застапување и одбрана пред судовите, јавно обвинителство, нотари, извршители, центри за социјална работа, работодавецот, полициските, инспекциските и други органи, како и преземање на дејствија од точка 2 на овој став кои се одвиваат во повеќе денови, без оглед дали се одржани, продолжени или одложени, како и за рочиштето за објавување на Одлука, секој започнат ден се смета за ново застапување, односно нова одбрана.
Во оставинска постапка пред нотар каде со закон е предвидено задолжително учество на адвокат, наградата и трошоците за соодветното правно дејствие за адвокатите кои учествуваат во тоа правно дејствие без оглед на нивниот број изнесува 50% од наградата и трошоците на нотарот.
  1. За работни спорови и вонпарничните постапки, наградата изнесува 7.000,00 денари.
  2. Во постапка за развод на брак и други спорови од семејни односи, наградата изнесува 7.000,00 денари.
  3. За состав и пишување на нормативни акти, наградата се договара со писмен договор.
  4. Во поднесоците во кои покрај главното барање се предлага времена мерка или предлог за обезбедување докази, наградата се зголемува за 20%.
  5. Во поднесоците во кои има тужба и противтужба, наградата се определува според збирот на двете барања.
  6. Во поднесокот во кој има повеќе учесници, наградата се зголемува по 50% за секое наредно лице, а за секое наредно лице од спротивната страна по 25%, но не повеќе од пет пати од предвидената награда од член 8 од Тарифата.
  7. За необразложени поднесоци, изјави, молби, полномошна со кои трети лица пренесуваат овластувања, освен полномошна со кои е овластен адвокатот за застапување и преземање на дејствија во име на властодавецот во сите постапки, наградата е како најниската награда од точка еден.
  8. За поднесоците во кои се бранети повеќе лица, наградата од точка осум се зголемува по 50% за секое наредно лице, а ако има сообвинети за секое наредно лице по 25%, но не повеќе од пет пати од предвидената награда од член 8 од Тарифата.
  9. За изготвување на правни мислења, анализи и учество на состаноци со правна тематика, наградата изнесува 9.000,00 по час.
  10. За состав на апликација пред ЕСЧП, наградата изнесува 60.000,00 денари, а за секој нареден поднесок за комуникација со судот наградата изнесува 15.000,00 денари.
  11. Во постапка пред меѓународна арбитража и меѓународни судови, во спорови со вредност до 5.000.000,00 евра, наградата изнесува 20.000,00 денари за секој започнат час.
Во спорови од 5.000.001,00 евра до 10.000.000,00 евра, наградата изнесува 30.000,00 денари за  секој започнат час.
Над 10.000.001,00 евра наградата изнесува 40.000,00 денари за секој започнат час, а во меѓународни кривични судови наградата изнесува 40.000,00 денари за секој започнат час.
  1. За изготвување на акти за постапки пред Централен регистар на РМ:
  • Промена на е-маил адреса, пријава на работно време и објава на ликвидација, наградата изнесува 1000,00 денари.
  • За статусна промена наградата изнесува 3.000,00 денари. Ако истовремено се прават повеќе статусни промени, наградата се зголемува 50% за секоја наредна промена.
  • За основање на трговски друштва и други правни лица, наградата изнесува 9.000,00 денари.
 II. Награда за одбрана и застапување 
  1. За застапување и одбрана, наградата е како за состав на соодветниот поднесок и саатнина од 20% за секој започнат час.
  2. За одбрана на клиент во претходна судска постапка, посета на клиент лишен од слобода, за присуство на вештачења, за увид на лице место и слични дејствија, наградата изнесува како под точка еден од Тарифата.
  3. За застапувања и одбрана како и превземање на дејствија од точка 2 на овој став кои се одвиваат во повеќе денови, без оглед дали се одржани, продолжени или одложени, секој започнат нов ден се смета за ново застапување, односно нова одбрана.  
 IV. Награда за состав на правен лек

За состав на редовен и вонреден правен лек и одговор на редовен и вонреден правен лек, наградата е 50% поголема од наградата за застапување или одбрана, а ако адвокатот не учествува на расправа или претрес, наградата е 100% зголемена.

 VНаграда за правни совети 
  1. За усмен правен совет, наградата изнесува 20% од соодветната награда за писмен состав и саатнина од 20% за секој започнат час.
  2. За писмени совети наградата изнесува 50% од соодветната награда за писмен состав и саатнина од 20% за секој започнат час.
Заеднички одредби
  1. Наградата предвидена по одредбите на оваа Тарифа се зголемува за 30% на име паушал за сите споредни дејствија што се тарифирани.
  2. За утврдување на правосилност и извршност наградата изнесува 10% од предвидената за соодветното дејствие по оваа Тарифа.
  3. Сите дејствија предвидени со оваа Тарифа се тарифираат според најсродното дејствие од оваа тарифа.
  4. Наградата предвидена со оваа Тарифа за сите дејствија што ги превземаат адвокатите, обврзници на ДДВ, се пресметува и наплаќа зголемена за износот на ДДВ.
  5. Статусот на ДДВ обврзник, адвокатот го докажува со соодветен документ издаден од надлежен орган.

Popular posts from this blog

РАЗВОД НА БРАК

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК