РАЗВОД НА БРАК
Во Република Македонија разводот на бракот е еден од начините на престанок на брачната заедница. Врз основа на Законот за семејство бракот може да се разведе по три основи: 1.Спогодбен развод на брак - каде брачните другари потпишуваат спогодба за развод на брак и постапката почнува со предлог за спогодбен развод на брак, брачните другари потпишуваат спогодба во која се уредуваат начинот на вршење на родителските права и чувањето и воспитувањето на малолетните деца, доколку имаат. Оваа постапка е најзастапена и најекономична поради тоа што судот само испитува дали брачните другари таа согласност за развод на бракот ја дале слободно, сериозно и непоколебливо. Оваа постапка обично завршува за едно рочиште во кое мора да бидат присутни двајцата брачни другари лично и пред судот да ја изразат вољата за развод на бракот. 2.По барање на еден од брачните другари поради толкава мера на нарушени односи во кои заедничкиот живот станал неподнослив - се поведува со тужба на еден од брачн...