УСЛУГИ

ЗАСТАПУВАЊЕ ПРЕД СУД И ДРЖАВЕН ОРГАН
Застапување пред суд и државни органи во постапки пред  Основен суд Скопје , како и во судовите во целата држава, Апелациониот суд Скопје и Апелационите судови во Република Македонија,  Врховен суд на Република Македонија  за поведување и водење на постапки по граѓанско право, работни односи, имотни спорови, надомест на штета и други. Застапување пред нотар и Извршител, за извршни предмети.
 СОСТАВ НА ДОКУМЕНТИ
 Состав на сите видови на полномошна, тужби, жалби, приговори, барања, изјави, предлози, времени мерки пред Основните судови, Апелационите судови и по ревизија на Врховен суд на Република Македонија. Состав на тужби на Управниот суд Вишиот управен суд, како и пред сите други државни органи каде се одлучува за правата и обврските на граѓаните
 СОСТАВ НА СИТЕ ВИДОВИ ДОГОВОРИ
 Состав на сите договори врз основа на Закон за облигациони односи
 УСЛУГИ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА
РЕГИСТРАЦИЈА НА СИТЕ ВИДОВИ ФИРМИ, ЛИКВИДАЦИЈА И СИТЕ ПРОМЕНИ ВО ФИРМИТЕ
Како  Регистрационен агент во Централен регистар  ги вршиме следните услуги на електронски начин преку системот на електронско поднесување на пријави за упис во трговскиот регистар:
- состав на акти за основање на фирми, одлуки за измена на актот за основање, одлуки за промена на управител, одлуки за промена на седиште, назив, скратен назив, одлука за истапување и пристапување, одлука за намалување и зголемување на главница, основање на подружница, изјави по законот за трговски друштва, регистрирање на работно време, регистрација на сите правни лица вклучувајќи, но не ограничувајќи се на регистрација на ДООЕЛ, ДОО, ТП - трговец поединец, АД, ПЗУ - приватна здравствена установа, здруженија на граѓани и друго. Подготовка и застапување во стечајна постапка врз основа на  Закон за стечај
 Нотарски  платни налози
Состав и застапување во должничко доверителски односи по основа на фактура меѓу правни лица или правни лица со физички лица врз основа на веродостојна исправа
-    
ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА - НАСЛЕДНА ПОСТАПКА
- Поведување и застапување во оставинска постапка

РЕГУЛИРАЊЕ НА ПРЕСТОЈ НА СТРАНЦИ
- Поведување на постапка за добивање на долгорочен престој на странци, застапување пред сите надлежни органи поврзани со дозвола за вработување на странци, дозвола за долгорочен престој на странци и за членовите на нивното семејство во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија

РАБОТНИ ОДНОСИ 
Состав на договори за работа, менаџерски договори, договори на дело, решенија за отказ од работа, приговор на решение за отказ од работа, спогодба за престанок на работниот однос, тужби за враќање на работа, жалби и приговори во дисциплинска постапка, електронско пријавување и одјава на работници преку електронскиот систем на Агенцијата за вработување на Република Македонија  
 

Popular posts from this blog

ДОГОВОР ЗА ПОДАРОК

ОСТАВИНСКА ПОСТАПКА

РАЗВОД НА БРАК